Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим
    Политика

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    23/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

    Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гаши ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик. Таа е поставена во 2015 година како благодарност од македонскиот народ за гестот на папата Адријан Втори, кој во 868 година, во оваа базилика ги осветил словенските книги што во Рим ги донеле браќата Константин (Кирил) и Методиј. Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск, кој почина минатата година.

    По Моравската мисија и воведувањето на новата азбука – глаголицата, Константин Филозоф (подоцна Кирил) стигнал на папскиот двор за да го одбрани словенскиот јазик и писмо од нападите на т.н. тријазичници, кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. Во Светата Столица била отслужена богослужба на словенски јазик, така што по Цариград, и Рим официјално го признал словенскиот јазик за рамноправен со другите. Константин во Рим стапил во калуѓерски ред и го добил монашкото име Кирил. Таму и починал на 14 февруари 869 година и неговиот гроб е во базиликата „Св. Климент“ (Сан Клементе), посветена на папата Климент Први.

    Браќата св. Кирил и Методиј се чествуваат со разни манифестации, а централно место има поклонението на гробот на св. Кирил во Рим. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

    Годинава чествувањето го организира Собранието на Македонија и делегацијата ја предводи неговиот претседател Африм Гаши. Во неа се и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Вреди, Никола Мицевски, Оливер Спсовски и Беким Ќоку и пратеникот од ЗНАМ Даниел Стојчевски.

    Во рамки на престојот во Италија, Гаши вчера имаше аудиенција кај папатата Лав XIV и средба со Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица. За медиумите изјави дека односите со Ватикан се беспрекорни и оти клучни столба на кои се темелат се Кирил и Методиј и Мајка Тереза.

    Од двете страни беше истакнато дека релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи. Секако, напоменавме дека двата клучни столба на нашите релации се засноваат на чествувањето на светите Кирил и Методиј, а исто така и со Мајка Тереза, како една од личностите кои ги поврзуваат овие две престолнини, истакна Гаши.

    Previous ArticleЌе прави ли Шкендија шпалир: Вардар денеска го добива шампионскиот пехар!
    Next Article Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Поврзани вести

    Михаел Рот: Бугарија треба да се засрами за односот кон Македонија

    23/05/2026

    Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

    21/05/2026

    Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера

    21/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    Ќе прави ли Шкендија шпалир: Вардар денеска го добива шампионскиот пехар!

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.