Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
    Политика

    Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

    22/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма. Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат „државна тајна“. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа? Значи, не постои основа. Затоа и се чудам кога ќе видам разузнавачи дискутираат како сум била во опасност, безбедноста била во опасност заради шпионажа“, рече Сиљановска – Давкова во гостување на Сител.

    Вели дека веднаш штом дознала дека има укажување од еден од вработените за упад во компјутерот исконтактирала со Министерството за внатрешни работи.

    Претседателката е шокирана и од постапката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое, според неа, не го почитува членот 289 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека сите дејствија во предистрагата се тајна.

    „Шокирана сум од Јавното обвинителство. Рековте предистражна постапка, а не постапка. Важи ли членот 289 од Законот за кривична постапка за Јавното обвинителство? Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се тајна. Како тоа Јавното обвинителство комуницира преку медиуми и раскажува како и на кој начин контактира со Министерството за внатрешни работи? Згора на тоа, слушам една лаичка интерпретација на членот 8 од Законот за јавно обвинителство, каде што се вели дека Јавното обвинителство почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, приватен живот, достоинство, слобода на медиуми, правично судење, интегритет…, како и принципот на отвореност – веројатно од тоа се инспирира – ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува. Немаме случај ние. Во предистражна постапка нема случај“, истакна Сиљановска-Давкова.

    Previous Article„Битка меѓу книгата и алгоритмите“, Фондацијата Марјановиќ го поттикнува читањето кај децата
    Next Article Рубин Земон поднесе оставка од член на ИО на СДСМ

    Поврзани вести

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    23/05/2026

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    23/05/2026

    Михаел Рот: Бугарија треба да се засрами за односот кон Македонија

    23/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    23/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.