Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Филипче бара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за влез на Македонија во ЕУ
    Политика

    Филипче бара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за влез на Македонија во ЕУ

    27/05/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски. Затоа граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, сакаме и тие. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите што живеат во државата“, изјави Филипче.

    Тој се осврна на вчерашната изјава на премиерот дека нема повеќе отстапки за влез во ЕУ и рече дека дека се поставуваат две прашања, кои се тие отстапки и кои се тие што ќе ја платат цената.

    „За остапките слушнавме и досега се што кажаа всушност било една голема лага. Ќе го враќа името, ќе го поништуваа Преспанскиот договор, биле загрозени јазикот, идентитетот и така натаму. Меѓутоа таа лажна кампања постепено почна да се разобличува во изминатиот период и бидејќи граѓаните знаат. Ништо од тоа не е вистина. Христијан Мицкоски самиот призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Сиљановска-Давкова кажа дека со договорот, внимавајте, е потврден идентитетот и јазикот. Тимчо Муцунски, го слушнавме, кажа дека со влезот во НАТО е загарантирана безбедноста и се подобрува бизнис-климата во државата. За жал, тоа тие не знаат и не можат да го искористат. И кој ќе ја плаќа таа цена? Тоа нема да биде Мицкоски, нема да бидат неговите соработници, неговите министри. Сите тие имаат бугарски пасоши во џебовите. Тоа нема да биде неговата криминална банда. Цената ја плаќаат сите граѓани, цената ќе ја платиме сите ние, нашите семејства, децата и младите“, рече Филипче.

    Според него, оваа власт нема капацитет да ја води државата, а следните генерации ќе враќаат огромни суми пари за камати и кредити кои не биле потребни, ниту биле правилно искористени.

    „Нема мерки во оваа криза за загрозените категории граѓани. А оваа власт сега повторно лаже. Сега дека Европа ни го загрозува идентитетот. Единственото нешто што е во овој момент загрозено е иднината на нашите деца и животниот стандард на граѓаните во државата. Доста е веќе од лагите и пропагандата на криминалната група на власт. Едноставно, доста е. Граѓаните се будни, свесни се, не се наивни, не можете повеќе да ги лажете. Сите веќе ја знаат вистината. Мицкоски и бандата не сакаат во Европа, затоа што таму има одговорност, таму се одговара пред европски обвинители за криминал и корупција. И затоа нè држат како заложници, затоа се создаваат вештачки конфликти, затоа се идентификуваат лажно внатрешни предавници и надворешни вештачки непријатели. На власт им е добро, тие не живеат лошо како граѓаните, со бугарските пасоши во џеб, со криминалните партиски тендери, со владините авиони на плажа, додека народот не може да преживее“, обвини Филипче.

    Во врска со повикот на Мицкоски за национално обединување, Филипче упати да се праша премиерот што значи за него обединување и додаде дека тој во неколку наврати кажал што за нив значи овој термин – односно да се направат уставните измени и да се сподели одговорноста.

    Според Филипче, ситуацијата во однос на евроинтеграциите е катастрофална, а земјава ќе остане слепо црево, имајќи го предвид напредокот на другите, меѓу кои и Црна Гора. Нагласи дека наскоро во посета ќе дојде претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и праша што ќе му биде пренесено од страна на премиерот.

    Филипче рече дека Кошта беше пред една година во Македонија и порачал дека има само план А, нема план Б, тоа се уставни измени и отворање на преговорите по поглавјата.

    „Јасен е моментот од страна на ЕУ, се примаат нови членки после 15-16 години, повторно проширувањето е високо на агендата на ЕУ, а сега ние тоа треба да го пропуштиме. Зошто? Поради Христијан и бандата. Па имаат ли памет луѓето што прават? Имаат ли памет? Нека власта го распише референдумот. Нека распише власта референдум, затоа што ќе ја носи целокупната одговорност за патот кон ЕУ и нека им го кажат граѓаните вистинскиот став и одговор. Се согласувам дека треба прашањето како ќе биде формулирано и така натаму да се дискутира, да се дебатира, ама на власта е одговорноста. Власта вети дека ќе влеземе во Европа под некакви подобри, „погорди“ услови. Така беше. Така кажуваа. Излажаа, како за сè друго што лажат. Така што немаат право. Граѓаните треба да одлучат. Треба да распишат референдум“, рече Филипче.

    Во врска со најавената интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека уште не е поднесена, но дека се подготвува.

    „Имаме сериозно прекршување на процедурите, повторно во прилог на иницијативата за интерпелација на Гаши, а тоа е што интерпелацијата за министерот за земјоделство не е ставена. Сите рокови се пробиени од страна на Африм Гаши. Така што ние тој материјал го подготвуваме. За интерпелација разговараме. Андреј Жерновски го спомна тоа, затоа што, гледајте, оваа власт ќе оди и ќе распише избори кога ќе снема пари. А пари има сè помалку, затоа што ништо друго не ги интересира“, нагласи Филипче.

    Previous ArticleРударското лоби ја загрозува приватната сопственост, тврди Левица и бара поништување на измените на Законот за минерални суровини
    Next Article Хозе Карерас заедно со македонски ѕвезди ќе настапи на плоштадот Македонија

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.