Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски го оживува хидроенергетскиот проект стар над 30 години, „Чебрен и Галиште“ е повторно во игра
    Политика

    Мицкоски го оживува хидроенергетскиот проект стар над 30 години, „Чебрен и Галиште“ е повторно во игра

    09/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Владата е во завршна фаза на разгледување на можноста самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект „Чебрен и Галиште“, без вклучување на приватен партнер. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите, посочувајќи дека конечната одлука ќе биде донесена по разговорите со раководството на ЕСМ и по завршувањето на тековните анализи.

    Според Мицкоски, државата е блиску до стратешка одлука со која еден од најзначајните енергетски проекти во земјата би се реализирал со домашно управување, по повеќе од 30 години неуспешни обиди и 14 пропаднати тендерски постапки.

    Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ. Нашите пресметки покажуваат дека внатрешната стапка на поврат на инвестицијата е над 10 проценти, што го прави проектот економски оправдан“, вели Мицкоски, посочувајќи на придобивките од  акумулациите што би се создале со изградбата како значаен ресурс за водоснабдување и управување со водните ресурси имајќи ги предвид климатските промени и глобалното затоплување.

    Откако ќе се финализира физибилити студијата, ќе се избере изведувач по принципот „проектирај и изгради“. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу една милијарда евра.

    „Чебрен и Галиште“ се смета за еден од најважните инфраструктурни и енергетски проекти во државата. Освен што треба да обезбеди дополнителни количини електрична енергија и поголема стабилност на електроенергетскиот систем, проектот има и значајна водостопанска компонента.

    Премиерот истакна дека со изградбата на хидроелектраните би се создале два големи резервоари со питка вода, што би претставувало стратешки ресурс во услови на климатски промени и сѐ почести сушни периоди. Дополнително, акумулациите би овозможиле подобро управување со водните ресурси и значително подобрување на системите за наводнување во Тиквешкиот регион.

    Според владините проценки, вкупната вредност на инвестицијата би достигнала околу 1,5 милијарди евра заедно со трошоците за финансирање и каматите. Од Владата посочуваат дека анализите покажуваат внатрешна стапка на поврат на инвестицијата над 10 проценти, што според нив го прави проектот економски оправдан.

    Хидроенергетскиот комплекс на Црна Река е еден од најдолго најавуваните капитални проекти во Македонија. Идејата за изградба на „Чебрен и Галиште“ датира уште од почетокот на 1990-тите години, но досега ниту една влада не успеа да обезбеди негова реализација, и покрај бројните тендери и преговори со потенцијални странски инвеститори.

    Министерката за енергетика Сања Божиновска неодамна изјави дека постои силна политичка волја проектот конечно да се реализира, но предупреди дека обезбедувањето на финансиската конструкција останува еден од најголемите предизвици.

    Доколку Владата донесе конечна одлука за самостојна изградба, „Чебрен и Галиште“ би станал еден од најголемите инфраструктурни и енергетски зафати во историјата на независна Македонија, со потенцијал значително да ја зголеми домашната енергетска независност и да обезбеди долгорочни придобивки за водоснабдувањето и земјоделството.

    Previous ArticleЕве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!
    Next Article Брзо, лесно и слатко: Направете домашен сладолед со само една состојка

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.