Во рамки на дводневната конференција ќе се одржат тематски панел дискусии посветени на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото, економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, иднината на цивилизацискиот дијалог и културната размена, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, креативноста и човечкиот потенцијал, како и улогата на младите во свет на промени и неизвесност.
На свеченото отворање ќе се обратат д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија 2009–2019, Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата задолжен за политички систем, Џијанг Сјаојан, амбасадорката на Народна Република Кина, како и претставник на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање (CAFIU).
На конференцијата ќе учествуваат поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Република Србија, Вук Јеремиќ, шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и министер за надворешни работи на Република Турција на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација, основач и претседател на Chengwei Capital, основач на Клубот Пекинг за меѓународен дијалог, политиколог и еден од најистакнатите кинески аналитичари за меѓународни односи. како и бројни професори, дипломати, истражувачи и претставници на академската, дипломатската и деловната заедница од Европа и Азија.
Настанот е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA).
