Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските Острови која заврши како втора во групата и се пласира во 1/16 финалето каде за ривал ќе го има светскиот првак, Аргентина на Меси.
Денешен гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“ посветен на настаните на Мундијалот, е Артим Шаќири.
-Три меча, три ремија, три бода и пласман во нокаут – фазата. Се разбира дека тука мислиме на селекцијата на оваа мала островска земја…
„Браво и секоја чест за Зеленортските Острови. Што да се каже друго? Во конкуренција на една Шпанија, Уругвај и С.Арабија да останеш непоразен навистина е сензациоанален успех за оваа селекција. И дефинитивно сега сите знаат да играат добар фудбал. Дали ова е приказната на Мундијалот? Па, ќе видиме, ама засега тоа е тоа. Навистина уживање е да се гледа како игра оваа репрезентација. Храбро, одважно, знае што сака. Овој меч во нокаут – фазата против Аргентина и Меси секако дека ќе им биде награда за се она што го покажаа досега. Меси и компанија се апсолутни фаворити, но не смеат да ја потценат оваа селекција и очекувам да се изнамачат за да дојдат до победата“.
