Со особена гордост и радост, упатувам искрени честитки, до жителите на село Ратево, за прогласувањето на „Ратевските бамбурци“, за нематеријално културно наследство на Македонија.
Ова е големо признание, за една автентична традиција, која со векови е дел од идентитетот на Ратево и на Малешевијата.
Повеќе од пет векови, ратевци ја чуваат, почитуваат и пренесуваат оваа традиција, од генерација на генерација. Со своите маски, обреди и специфична симболика, Бамбурците ја продолжуваат приказната за едно богато културно наследство, кое не е само спомен од минатото, туку жив дел од нашиот идентитет.
Благодарност до Управата за заштита на културното наследство, која ја препозна вредноста, автентичноста и значењето на Ратевските бамбурци и со прогласувањето за нематеријално културно наследство, даде уште една силна потврда, дека оваа вековна традиција, е драгоцен дел од македонското културно наследство.
Воедно, ве покануваме на изложбата на уметнички фотографии „Ратевските бамбурци“, која ќе се одржи од 27 до 29 август на Градскиот плоштад во Берово, во рамки на Етно Фестивал Берово 2026, која е финансирана во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската Унија (EU Delegation of the European Union to North Macedonia), ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) UNDP MK и е кофинансиран од Општина Берово.
Да ја прославиме заедно традицијата, културата и духот на Ратево и да покажеме дека она што се чува со љубов пет века, заслужува да живее и уште многу векови!
Поврзани вести
Најнови информации
Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.
© 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
