Како што истакна, во услови на забрзана енергетска транзиција, дигитализацијата овозможува подобро управување со енергетските системи, поефикасно следење на потрошувачката, оптимизација на производството и навремено реагирање при потенцијални нарушувања.
„Истовремено, зголемената дигитална поврзаност носи и нови ризици, поради што заштитата на критичната енергетска инфраструктура, безбедноста на информациските системи и отпорноста на енергетските мрежи на сајбер-напади стануваат составен дел од националната енергетска безбедност“, нагласи министерката.
Според неа, за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, дигитализацијата има особено значење бидејќи современиот енергетски систем сè повеќе се потпира на дигитални технологии, автоматизирани системи, паметна инфраструктура и податоци во реално време.
На семинарот, на кој беа разменети искуства меѓу македонските и чешките институции, беше истакнато значењето на дигиталната трансформација за создавање поуспешна, поефикасна и побезбедна јавна администрација, како и за унапредување на јавните услуги за граѓаните и бизнис-секторот.
Отворена бееше и темата за можностите за понатамошна соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на сајбер-безбедноста, размената на знаења и добри практики, како и јакнењето на институционалните капацитети.
Министерката Божиновска истакна дека Министерството продолжува да работи на дигитализација на процесите, модернизација на системите и зајакнување на сајбер-безбедноста, со цел енергетскиот сектор да биде подготвен за новите технолошки предизвици и ризици.
„Чешката Република има значајно искуство во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, што претставува дополнителна можност за размена на искуства со македонските институции и за унапредување на националната отпорност на критичната инфраструктура“, беше речено на семинарот.
Семинарот претставуваше платформа за размена на искуства и отворање нови можности за институционална соработка меѓу двете земји.
