Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Ружински: Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»„Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот
    Политика

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Тошковски рече дека од вчера е почнато „детектирање и автоматско ловење“ и на мотоциклите онаму каде што е имплементиран „Безбеден град“.

    „Значи, официјално, заклучно со денеска би требало да ги имаме првите бројки на казнети моторџии преку автоматскиот систем на „Безбеден град“. Најдовме технички начин како и тие да бидат констатирани во рамки на сторувањето на прекршокот за возење со недозволена брзина. Претходно беа изрекувани казни само за поминување на црвено. Така што, нека не се изненадат дека ќе бидат предмет на санкционирање од системот „Безбеден град“ оние коишто глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, а тоа се прави првенствено заради нивна заштита, а потоа и за заштита на сите останати совесни учесници во сообраќајот“, истакна Тошковски при гостувањето на Сител, посочувајќи дека од шест загинати во сообраќајни несреќи овој месец, четворица управувале мотоцикл.

    „Безбеден град“ засега е имплементиран на коридорите 8 и 10 и на териториите што ги покриваат секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово и Тетово. Соопшти дека наредна ќе биде територијата на СВР Велес (Велес, Кавадарци и Неготино со сите населени места околу овие градови) и таму „Безбеден град“ се очекува да профункционира до средината на септември, а до крајот на идниот месец и во СВР Охрид (Охрид, Струга и Кичево со сите населени места околу градовите). Според планот, следни ќе бидат СВР Струмица и СВР Штип, а се надева дека до крајот на годината „Безбеден град“ ќе биде воведен и на територијата на СВР Битола.

    Тошковски рече дека и за македонските граѓани МВР ќе актвира мобилна апликација „Безбеден град“ за онлајн плаќање за прекршоци, каква што засега е наменета само за автомобили со странски регистарски таблички. Се изненадил, рече, од големиот број прекршоци од странски возачи кои транзитирале низ земјата и нагласи дека казните се применуваат еднакво и за домашните и за странските возачи.

    „За шест дена четворица странски државјани кои требало да управуваат моторно возило со максимум 80 (км на час), го управувале моторното возило со 180. И сега, тие не треба да бидат казнети?! Сега ќе ги казнуваме Македонците кога ќе сторат кривично дело и прекршок, а странците што? Нема да ги казнуваме? Еднаквата примена на законите спрема сите – и спрема домашните, и спрема странците е основен принцип во една нормална демократска држава“, рече Тошковски.

    ​Министерот е задоволен од ефектите на „Безбеден град“ и од тоа што учесниците во сообраќајот се посовесни. Посочи дека од почетокот на 2026 имало 59 жртви во сообраќајот, а во истиот период лани биле 96, што е, рече, намалување за  35 отсто.

    „Како општество треба да сме горди заради тоа што сме направиле драстичен скок на подобрување во сферата на спасување човечки животи. Нема цена ова што го правиме и кое дава резултати. Треба да продолжиме во таа насока и убеден сум дека ако вака продолжиме бројот ќе биде уште помал и дека ќе спасиме уште еден човечки живот повеќе“, додаде министерот.

    ​Очекува да се достигне целта поставена во Националната стратегија за безбедност во сообраќајот 2026–2030, која денеска помина на собраниската комисија за одбрана и безбедност, – во 2030 година за 50 проценти да опадне бројот на смртни случаи како последица на непочитување на сообраќајни правила споредено со 2024.

    „Европската цел е заклучно со 2050 година да имаме нула човечки жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила. Ако просекот во Европа е 44 жртви на милион граѓани, а просекот во Македонија е околу 80 жртви на милион граѓани, тоа значи дека во најмала рака двојно сме полоши во губење човечки животи во оваа наша држава“, рече Тошковски.

    Previous ArticleТошковски: Секој што работел несовесно ќе биде најстрого санкциониран
    Next Article Почина норвешкиот крал Харалд

    Поврзани вести

    Тошковски: Секој што работел несовесно ќе биде најстрого санкциониран

    27/08/2026

    Министерството за економија и труд ќе додели седум милиони денари за унапредување на преработувачката индустрија

    27/08/2026

    Муцунски за „Ерусалим пост“: Соработка во одбраната, во управувањето со водите и зголемување на инвестициите

    26/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Ружински: Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места нè потсетуваат на вредностите што нè обединуваат

    НАЈЧИТАНИ

    Етно фестивал 2026 Бероово

    31/07/2026

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    28/08/2026

    Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

    26/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.