Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува „Животинска фарма“
    Култура

    Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува „Животинска фарма“

    27/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за новата претстава „Животинска фарма“ според Орвел, што ја режира режисерот Чендрим Ријани. „Животинска фарма“ е сатирична алегорија напишана од Џорџ Орвел во 1945 година. Претстaвата сe реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на театарот „Војдан Чернодрински“ за 2026 година.

    Режисерот Чендрим Ријани вели дека „Животинска фарма“ е еден од најдраматизираните романи во светот.

    „Орвел е прекрасен автор и мислам дека во овој момент текстот е погоден да се постави во театарот. Тоа е еден концепт што се надградува над „Животинска фарма“ и многу му личи на театарот „Војдан Чернодрински“. Освен она што има внатре во делото, тука е моментот во кој се наоѓа театарот, без театар, се надградува и се вградува во концептот на „Животинска фарма“. Прилепскиот театар има добра актерска екипа. Актерите реално работеле претходно со вакви експерименти. Има можност да се посвети внимание на актерите кои се многу добри за да извадиме претстава што ќе произлегува од самите нив. Ова е моментот да се направи овој концепт во прилепскиот театар каде што сите актери ќе дадат свој придонес“, посочува режисерот, при тоа истакнувајќи дека ќе биде камерна претстава.

    Во претставата ќе играат сите актери од ансамблот: Игор Трпчески, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески. Драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Папучевска, а за музиката е задолжен Томе Темелкоски. Премиерата ќе биде во октомври.

    Previous Article(Фото) Џамбазов и Гуру Харе ја кренаа публиката на нозе на отвореното културно лето во Карпош
    Next Article Шести смртен случај од западнонилска треска во земјава, почина 72-годишен скопјанец

    Поврзани вести

    „Комшилук“ освои европска награда: Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

    22/10/2026

    Горан Диновски на Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

    22/10/2026

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.