Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Средби на Мицкоски на маргините на ГС на ОН во Њујорк: Фокус на европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
    Политика

    Средби на Мицкоски на маргините на ГС на ОН во Њујорк: Фокус на европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка

    24/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што соопштија од Владата, премиерот Мицкоски во текот на вчерашниот ден остварил средба со претседателот на Република Финска, Александар Стуб, со кого разговарале за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за почитувањето на меѓународното право и зајакнувањето на мултилатералната соработка. На средбата, се додава, била истакната и важноста од заеднички напори за градење стабилна и безбедна Европа.

    Фокус на билатералната средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти било унапредувањето на добрососедските односи, продлабочувањето на регионалната соработка, како и заедничките предизвици и можности за развој на двете држави.

    „Претседателот на Владата, Мицкоски остварил билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ на којашто беа разменети мислења за европската перспектива на Македонија, продолжувањето на реформските процеси согласно европските стандарди, унапредувањето на добрососедските односи и зајакнувањето на регионалната соработка“, се наведува во соопштението.

    Премиерот Мицкоски исто така остварил средба и со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на која биле разгледани актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен и безбеден регион.

    „Средбите во Њујорк ја потврдуваат определбата на Македонија за активна и конструктивна улога во меѓународната заедница, зајакнување на партнерствата и продлабочување на соработката со европските и регионалните партнери.
    Македонија останува посветена на реформите, европската интеграција, добрососедските односи и градењето стабилен, безбеден и просперитетен регион“, наведуваат од владината прес – служба.

    Previous ArticleМилатовиќ: Иднината на Црна Гора и на целиот Балкан е во Европската Унија
    Next Article Китански: Пехчево чекори напред со функционална инфраструктура

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.