Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата
    Политика

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Вајц посочи дека и во Австрија има големи случаи на корупција, но, како што нагласи, разликата е во тоа што и најбогатите луѓе можат да бидат изведени пред суд и да завршат во затвор.

    „Сите земји-членки на ЕУ се борат со корупција, ниту една членка не е совршена. Ние се бориме да го зајакнеме владеењето на правото, но има разлики и меѓу нас. Во разни земји-членки има различно ниво на корупција. И во мојата Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е што многу богати луѓе лежат во затвор“, изјави Вајц.

    Тој го посочи случајот со австрискиот бизнисмен Рене Бенко како пример за постапување против моќни и богати лица. Бенко во Австрија е обвинет и осудуван во повеќе постапки поврзани со случајот „Сиња“, а неговото апсење во јануари 2025 година беше извршено по налог на Обвинителството за економски и корупциски криминал.

    „Имавме огромен скандал со недвижности. Одговорниот беше господин Бенко. Многу луѓе сметаа дека тој е премногу богат за да оди на суд. Довербата во системот можеше да се измери на денот кога го уапсија и отиде во притвор. Луѓето видоа дека и еден од најбогатите во Австрија ќе излезе пред суд и ќе биде приведен за тешко дело“, рече Вајц.

    Тој нагласи дека борбата против корупцијата не треба да се гледа само како исполнување на обврските кон Европската Унија и критериумите за пристапување, туку пред сè како вложување во општеството, институциите и довербата на граѓаните во системот.

    „Не се работи за реализација на обврските кон ЕУ, критериумите за пристапување. Се работи за вложување во вашето општество, во вашата земја, во функционирањето на вашите институции, вложување во довербата во системот. Ако не можете да ги убедите граѓаните дека правдата постои за сите, тоа на луѓето им дава причина да заминат“, нагласи Вајц.

    Според него, една од најголемите пречки за економскиот и општествениот развој е заминувањето на младите.

    „За младите особено е многу важно да разберат дека ако соодветно се образувам, ако добро работам, ќе имам добра плата и соодветна почит. Разговарав со многу млади и овде во Македонија и тие ми велат: ‘Да, господине Вајц, ама знаете, ако не сте од вистинското семејство, ако немате врски, тешко е да ве вработат во државната администрација’“, рече европратеникот.

    Тој нагласи дека без оглед дали ваквата перцепција е точна, самиот факт што младите ја имаат е сериозен двигател на одливот на мозоци.

    „Како Австриец ќе кажам: ‘Што убаво, дојдете кај нас во Австрија, нам ни требаат квалификувани, образовани луѓе!’ Но знам каков ефект има тоа во општеството. Овде сум како поддржувач на Македонија и на целиот регион. И сакам да ве предупредам дека ако младите заминат, заминува и дел од иднината на земјата, а тоа е поврзано со довербата во институциите, довербата во правосудството и довербата во вашите институции“, рече Вајц.

    Европратеникот посочи дека ниту една земја не е сама во борбата против корупцијата и организираниот криминал и оти земјите треба да ги споделуваат искуствата и да соработуваат во креирањето поефикасни законски решенија.

    „Важно е да кажам дека сме заедно во оваа тешка борба против организираниот криминал, против криминалната енергија што сака да ја надитри легислативата. Вие работите, ние работиме и, за жал, правиме закони што ги следат чесните, а не криминалците. Слушајте ги сите чинители во општеството, вклучително и граѓанското општество. Истото важи и за мене и за моите колеги. Но тоа ни помага да изготвиме соодветни закони“, рече Вајц.

    Во однос на Реформската агенда, Вајц посочи дека треба да се доработат измените на Кривичниот законик, со цел Македонија да може да ги искористи средствата поврзани со реформите.

    „Во планот за раст, дел од концептот е – ако една држава не ги спроведе реформите навреме, тие пари одат кај соседните земји. Колку што сум информиран, имате реална шанса да добиете значителни дополнителни средства, можеби 70-80 милиони евра. Но не е во парите работата. Треба да им служите на граѓаните со Кривичен законик што создава не само ефикасен правосуден систем, туку и влева доверба кај населението. На крајот на краиштата, во државите и општествата клучно е дали граѓаните имаат доверба во системот“, потенцира Вајц.

    Тој посочи дека доколку правилата важат за сите, тоа е една од главните состојки за позитивна перцепција на функционален правосуден систем – дека нема неказнивост за моќните и дека постојат исти стандарди за сите граѓани.

    Вајц оцени и дека обезбедувањето соодветни приходи за судиите и полицијата претставува една од мерките за превенција од корупција.

    Previous ArticleКитански: Пехчево чекори напред со функционална инфраструктура
    Next Article Платформата против Филипче најави промени во СДСМ: „Партијата е на егзистенцијален минимум“

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.