Денес, на денот на одржување на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Освен лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,
Народниот правобранител потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, а повредата на слобода на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.
