Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николовски очекува Обвинителството да се позанимава со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Овие свои очекувања, тој ги изнесе јавно на панел диксусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“.
Во своето обраќање, тој говореше за периодот додека беа во опозиција и скептизмот со кој се соочувале. Обраќајќи му се на официјалниот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун, кому му завршува мандатот во Македонија, вицепремиерот Николоски рече дека заедно работеле кога многумина ги потценувале и не им верувале „вклучувајќи го и газдата на овој хотел со кој имавме борби“ – рече Николовски.
По ова се надоврза и рече дека очекува Обвинителството да се позанимава со Мијалков.
