Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Претседателот на ДИК, Кондарко е дециден, два потписи не се единствен услов за кандидатска листа
    Политика

    Претседателот на ДИК, Кондарко е дециден, два потписи не се единствен услов за кандидатска листа

    24/08/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Јас во една прилика кажав дека најголема потешкотија ни создава законот, изборниот закон кој повеќе од 30 пати од 2006 навака е изменет и дополнуван, меѓутоа има многу нејаснотии, многу непрецизности што ни создаваат правни, ни отвораат правни прашања и ни создаваат предизвици кои мора да ги надминуваме во склад на законитост, на транспарентност, на еднакво воспоставување на еднакви правила на игра за сите учесници во изборите“ вели Кондарко.

    Во однос на анализите и предупредувањата за кандидатски листи , ДИК има овластувања да носи соодветни одлуки и да ги прилагоди на актуелната ситуација, со цел да обезбеди непречено функционирање и одвивање на сите дејствија во изборниот процес и гласањето, објаснува Кондарко.

    „Има шпекулации што би можело да се случи. Не би било добро да се коментира однапред, останува да се види постапката околу формалниот дел за поднесување на кандидатски листи трае. Единствен услов не се само најмалку два потписи за поднесување на листа, во услови кога тоа прашање не е регулирано од страна на Собранието, ДИК согласно член 31 став 2.2 има обврска да донесе правилник за регулирање на постапката за поднесување на кандидатски листи, односно потписи за независните кандидати, за група избирачи. ДИК тоа го направи. ДИК со тоа упатство не излезе надвор од законот, туку ја прилагоди на конкретната ситуација.“ посочува Кондарко.

    Прашањето околу потписите не беше непознато и не се појави сега по распишувањето на избори, тоа беше познато уште во мај, по одлуката на Устваниот суд, вели Кондарко и додава дека во услови кога постои правото загарантирано во законот на учество на група избирачи, ДИК не може да го ускрати учеството на оваа категорија учесници во изборниот процес и тој процес мора да тече.

    „Со оглед на постоењето на правото во член 60 и постоењето на постапката за собирање потписи, односно рокот за собирање потписи предвиден во член 63, кои се активни чинови во изборниот законик, ДИК постапи онака како што постапи. Тоа прашање е затворено. Реков, има и други услови кои треба да се исполнат, да видиме дали учесниците во изборниот процес ќе ги исполнат сите други законски услови. Значи не се доволни само два потписи, потребно е нашето упатство – подзаконски акт кој ја олеснува процедурата и еден вид водич за административно техничкиот дел на пополнување на сите оние обрасци кои ги има донесено ДИК и кои ќе им овозможат нивно легитимирање пред изборните органи, односно да им биде потврдена листата“, потенцира претседателот на ДИК.

    На прашањето колку ова ќе го поскапи изборниот процес, Кондарко вели можно е, но треба да се почека да се види конечниот број на кандидати и кандидатски листи.

    „Ќе видиме откако ќе помине рокот за поднесување на листи, 13-ти септември, колку ќе бидат пријавени, колку ќе ги исполнат условите, колку ќе бидат потврдени. Ние со одлука го уредуваме изгледот и формата и содржината на гласачкото ливче, ќе прилагодиме онака како што мораме со цел да го обезбедиме правото на сите. Дали ќе го поскапи процесот, можно е и да го поскапи, но ние мораме да го спроведеме процесот“, вели Кондарко.

    Previous ArticleГрчките туристи се партнер на гевгелиската економија, вели градоначалникот Сарамандов
    Next Article Ништо ново, Маркез доби уште една трка во МОТО ГП

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.