Тој воедно истакна дека како градоначалник се залага да има инвестиции во сите населби во неговата општина, па смета дека е затоа нападнат.
„Затоа, имајќи предвид дека ја имам поддршката на сите граѓани без разлика, ДУИ се фаќа на етнички, националистички теми и тоа се гледа дека е тенденција на овие избори. Затоа ги повикуваме да се вратат на локалните теми, да понудат програма и решавање на реалните проблеми на граѓаните во Тетово, а кога ќе дојдат парламентарните избори, тогаш ќе збориме за национални теми“, рече Касами.
На новинарско прашање околу темата за прислушкување, Касами рече дека кога биле во oпозиција, имале дојави дека и нив ги прислушувале како партија.
„Имаше чувство дека некој нè следи, затоа што во некои моменти излегуваа информации кои не беа дел од јавноста. Повикуваме сите институции да дејствуваат во овој случај, без разлика за кого станува збор. Затоа што, ако до вчера се прислушуваа експоненти на опозицијата, тоа може да им се случи денеска исто така на експонентите кои до вчера беа дел од власта. Институциите треба да дејствуваат за да се запре еднаш засекогаш оваа состојба“, рече Касами кој денеска го промовираше проектот за водовод во населбата 146 во Тетово.