Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години

    Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

    „Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Локални избори 2025: На полноќ завршува рокот за увид во Избирачкиот список
    Политика

    Локални избори 2025: На полноќ завршува рокот за увид во Избирачкиот список

    11/09/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Граѓаните  може да го направат јавниот увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и на нивната веб-страница и преку електронска пошта [email protected] можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список. Со барањето се приложуваат и потребните докази, а обрасците можат да се пронајдат на веб страната на ДИК (sec.mk).

    Заклучно со 9 септември во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 во подрачните одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се провериле вкупно 5.729 граѓани, од кои 3.397 мажи и 2.332 жени.

    Како што информираа од ДИК за МИА, осум лица побарале запишување во Избирачкиот список, 136 лица побарале бришење – од кои 134 поради смрт и две лица поради отпуст од државата. Вкупно 59 лица побарале промена на податоците во Избирачкиот список најчесто заради промена на презиме или промена на адреса на живеење.

    ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш му ja доставува на тужителот по електронски пат. Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на ДИК.

    ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.

    Барањето за доставување на Избирачкиот список политичките партии го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември.

    ДИК во рок од три дена (најдоцна на 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, избирачкиот список го доставува до политичките партии кои доставиле барање до денот на завршување на јавниот увид.

    Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

    ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

    Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

    Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид на 12 септември доставува, листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по било кој основ од денот на
    распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.

    Органот надлежен за извршување на санкциите, најдоцна 30 дена пред денот определен за избори доставува податоци за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на издржување казна затвор врз основа на евиденцијата што ја води овој орган до ДИК. Податоците се доставуваат на магнетен медиум и задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). (најдоцна на 18 септември)

    Министерството за социјална политика, демографија и млади најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, врз основа на сопствена евиденција и врз основа на доставените податоци од одговорните лица во установите за вонсемејно згрижување, до ДИК доставуваат податоци за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување. (најдоцна на 18 септември)

    Основните судови до ДИК доставуваат податоци за лицата на кои со правосилна судска одлука им е целосно одземена деловната способност или делумно одземена деловна способност при што судот утврдил дека лицето нема способност да изрази правно релевантна волја на избори и податоци за лицата на кои им е изречена мерката притвор. (најдоцна до 18 септември)

    Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид, најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите односно најдоцна на 3 октомври.

    Локалните избори се закажани за 19 октомври. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места.

    Previous ArticleМицкоски: Чадот од Дрисла се гледа, но нема загадување на воздухот, ако не сакаме проблеми со отпадот ни требаат модерни депонии
    Next Article Нетанјаху ја уби надежта за преостанатите заложници во Газа, смета премиерот на Катар

    Поврзани вести

    Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

    11/09/2025

    Муцунски во Стразбур ги одбележа Денот на независноста на Македонија и 30 години членство во Советот на Европа

    10/09/2025

    Мицкоски за ДВ: Време е да се стави крај на злоупотребата на тајните служби и да се испрати порака дека тие не се посилни од државата

    10/09/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години

    Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

    „Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!

    Македонскиот народен театар со „Жива досада“ гостуваа на фестивалот во Штип

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.