Денеска продолжува Супер-лигата на програмата е третото коло, а веќе има еден дерби меч. Вардар 1961 на домашен терен го пречекува ГРК Охрид, од кого оваа сезона се очекува особено ако се земе буџетот кој Општината го вложи во овој тим.
Езерскиот состав ќе биде вистински тест за „црвено-црните“ кои до сега имаа две лесни задача, па колку и какви сили имаат ќе биде познато во СЦ „Борис Трајковски“, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Вардар има две победи, на другата страна ГРК Охрид има победа и реми.
На останатите средби од саботната програма, Бутел Скопје во истиот термин го пречекува Прилеп, додека Пролет еден час подоцна е домаќин на Радовиш.
The post ГРК Охрид – прв сериозен „тест“ за Вардар 1961 appeared first on sportsport.mk.
