Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Mицкоски: По локалните избори ќе предложиме македонска резолуција
    Политика

    Mицкоски: По локалните избори ќе предложиме македонска резолуција

    26/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна државотворна партија ќе направиме една вистинска резолуција. Еве како подлога ќе ја искористиме оваа резолуција и преку собраниските комисии после завршувањето на локалните избори ќе формираме т.н. македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Нешто што, за жал, за СДСМ видовме дека во минатото не постои, а мене ми е жал што и овој претседател на СДСМ како и неговите двајца претходници продолжува по таа патека“, рече Мицкоски.

    Премиерот кажа дека имал кратко време да го прочита документот што СДСМ го достави во Собранието и немал време да навлезе во детали, бидејќи за него ќе се дискутира после изборите. Од она што успеал да го види рече дека има доста работи што тие сметаат дека би придонеле во квалитетот на самата резолуција, но она што му паднало во очи, како што потенцира, „е типично за СДСМ да фалсификува и лаже“ се оние неколку точки кои се во самата преамбула на резолуцијата.

    „Да речеме, се обидува да се негира еден историски факт и да се каже дека македонскиот јазик бил официјален јазик во ОН во 2019 година. Тоа е една монструозна лага, посебно во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и неговото примање во ОН како официјален јазик на тогашната југословенска федерација заедно со српскохрватскиот и словенечкиот јазик. Бидејќи денеска целта ни е културата, јас би сакал овој монструозен фалсификат кој што е дел од оваа резолуција категорички македонската јавност да го отфрли и да го осуди“, рече Мицкоски.

    Според него, истовремено има неколку други фалсификати, а тоа е дека во 2005 година Северна Македонија не доби датум за почнување на преговори, туку Република Македонија, односно тогашната држава која во меѓународниот поредок беше Поранешна Југословенска Република Македонија.

    „Исто така и во 2009 година прв позитивен извештај за отпочнување на преговори доби Република Македонија согласно Уставот. Самата конструкција е лажна, но тоа е типично за СДСМ и последно што сега би го искоментирал, а за деталите ќе се вратиме после изборите е конфузијата која што е во самата резолуција. Зборуваме за копенхагенски критериуми, а потоа ги цитираме двата билатерални договори со Грција и со Бугарија. Едно со друго не се комплементарни, така што има многу што да се даде како инпут“, рече Мицкоски.

    Previous ArticleПоранешниот директор на ФБИ и политички ривал на Трамп, Џејмс Коми, доби две кривични пријави
    Next Article Од денеска нема одење или возење со слушалки на уши или мобилен телефон

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.