Скопје мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање. Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На инклузијата не треба да се гледа како на трошок, туку како мерка за достоинството на градот“, порача Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје.
Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје рече дека градот мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање.
„Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На инклузијата не треба да се гледа како на трошок, туку како мерка за достоинството на градот,“ порача Карајанова-Димитрушева.
„Етичката политика значи хуман град каде што јавниот интерес е над личниот профит. Време е Советот на градот да работи со интегритет и знаење,“ изјави проф. д-р Ана Угринска.
„Нашата визија за Центар е јасна, а тоа е транспарентност за секој потрошен денар и нула толеранција кон корупција. Центар треба да биде пример за чесна и зелена општина,“ нагласи проф. д-р Антони Новотни.
„Во Карпош сакаме да воведеме ред и ефикасност, урбан развој што ќе го стави човекот пред бетон. На Карпош потребен му е Совет што ќе одлучува според податоци, јасни рокови и јавен интерес, а не според импровизации и привилегии“, изјави Александар Анѓушев, носител на листата за Карпош.
Од страна на Коалицијата за зелена иднина на граѓаните во градскиот парк во Скопје им беше порачано дека борбата за праведен, еколошки и инклузивен град е борба за достоинство, а не за власт. Скопје и неговите општини заслужуваат совети кои ќе водат грижа за заедницата, а не за нечии тесни интереси. Изборот на бројот 8 на 19 октомври значи избор на чесност и знаење.
„Културата и јавниот простор се дел од инфраструктурата на градот. Кога уметноста и зеленилото се враќаат меѓу луѓето, тогаш Скопје повторно добива пулс,“ рече Љубица Шопова, кандидатка за советник во Општина Карпош.
