„Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на политичките убедувања, масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопјe. Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, вели Таравари.
Организаторите информираат дека го чекаат само формалното одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.
Градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот за поддршка на поранешните водачи на косовската ОВК. Тој како градоначалник на Чаир, општина каде протестот треба да се оддржи, рече дека ќе даде согласност за негово одржување.
Македонкиот премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека протестот е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој треба да ја преиспита оваа одлука.
