Close Menu
Malesh
    Актуелно

    САД и Иран разменија проектили и обвинувања за прекршување на примирјето

    Потврдено: Алексовски на голот на Елбасан

    Вучиќ најави дека ова се негови „последни денови и последни недели како претседател“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»САД и Иран разменија проектили и обвинувања за прекршување на примирјето
    Свет

    САД и Иран разменија проектили и обвинувања за прекршување на примирјето

    28/06/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила повеќе цели низ Иран како директен одговор на, како што наведе, „продолжената агресија“ врз комерцијалните бродови, објави Би-Би-Си.

    Како одмазда, иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети и дронови кон американска инфраструктура во Кувајт и Бахреин, се наведува во соопштение пренесено од иранските државни медиуми.

    По размената на оган, САД и Иран меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот за прекин на огнот.

    Американската војска во соопштение наведе дека „на Иран му била дадена можност да го почитува договорот за прекин на огнот, но тие избрале да не го сторат тоа кога лансирале еднонасочен напад со дрон што го погодил МТ Кику“, танкер кој пловел под знамето на Панама.

    Како одговор, според централната команда, американски борбени авиони извршиле напади врз 10 ирански воени цели на повеќе локации во и околу Ормутскиот теснец. Меѓу целите биле воена опрема, комуникациски системи, противвоздушни позиции и објекти за складирање дронови.

    Во соопштението на Исламската револуционерна гарда, пак, се наведува дека САД нападнале пет крајбрежни позиции во Иран под, како што се вели, „изговор дека морнарицата на гардата се соочила со бродот што го прекршил режимот на пловидба“.

    Како одмазда, гардата соопшти дека лансирала балистички ракети и дронови кон „осум клучни инфраструктурни објекти“ во базата Али ал-Салем во Кувајт и кон Петтата американска флота во Порт Салман, Бахреин, тврдејќи дека тие биле „уништени“.

    Американски официјален претставник за Ројтерс изјави дека нема пријавени американски жртви, ниту поголеми последици или штета врз американските објекти на Блискиот Исток.

    Исламската револуционерна гарда соопшти дека, според меморандумот за разбирање потпишан претходно овој месец, Иран има договорени механизми за контрола на преминот и пловидбата низ Ормутскиот теснец и дека отсега бродовите што ќе ги прекршат правилата ќе бидат третирани поостро отколку претходно.

    „Секоја потенцијална агресија од непријателот, под каков било изговор, дури и ако агресијата е насочена кон помали цели, како што се случи минатата ноќ и вечерва, ќе добие разорен одговор“, се наведува во соопштението.

    Иран ја обвини САД дека го прекршиле прекинот на огнот договорен со меморандумот за разбирање меѓу двете земји предупредувајќи дека тоа „ќе доведе до целосен прекин на процесот“.

    Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди, како што ги нарече, „бруталните напади“ како прекршување на примирјето додавајќи дека тие покажуваат оти САД „не им придаваат ни најмала вредност и кредибилитет на своите обврски“ и дека „кршењето ветувања е дел од нивната природа“.

    Набргу по објавата за последните американски удари врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Трут соушал напиша дека е „многу можно“ Техеран „никогаш да не научи“.

    „Може да дојде момент кога веќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме“, напиша Трамп во саботата вечерта. „Ако тоа се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои“, додаде тој.

    Во часовите по американските напади, и Кувајт и Бахреин соопштија дека ги активирале своите системи за противвоздушна одбрана.

    „Кувајтската противвоздушна одбрана во моментов се соочува со непријателски ракетни напади и напади со дронови“, соопштија кувајтските вооружени сили на платформата Икс повикувајќи ја јавноста да ги почитува безбедносните инструкции.

    Министерството за внатрешни работи на Бахреин ги повика граѓаните „да останат смирени и да се упатат кон најблиското засолниште“.

    ЦЕНТКОМ соопшти дека комерцијалните бродови продолжуваат да пловат низ Ормутскиот теснец.

    САД и Иран на 17 јуни се согласија да ги прекинат непријателствата во рамки на Меморандум за разбирање од 14 точки. Со договорот, меѓу другото, се предвидуваше Иран да вложи „најдобри напори“ за безбеден премин на комерцијалните бродови без наплата во период од 60 дена.

    Ормутскиот теснец е клучен морски премин за испораките на нафта и гас, а Техеран практично го затвори откако САД и Израел извршија напади врз Иран на крајот од февруари.

    Затворањето на оваа критична рута предизвика скок на глобалните цени на нафтата и ги спречи испораките на други важни стоки, меѓу кои и вештачки ѓубрива.

    Во последните денови, Трамп и други американски функционери тврдеа дека преговорите со Иран напредуваат добро наведувајќи дека Иран се откажал од идејата за наплата на надоместоци за бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец.

    Во објава на Трут соушал во средата, Трамп напиша дека Иран ја информирал САД дека нема да има „никакви патарини, никакви трошоци за осигурување и никакви други давачки од кој било вид што се бараат или се наплатуваат“.

    „Ако ова е лажна информација, преговорите веднаш ќе завршат“, додаде тој.

    САД ги осудија извештаите дека Иран наплатува такси од танкерите што минуваат низ теснецот, а многумина сметаат дека каков било систем на наплата би бил спротивен на меѓународното поморско право.

    Во вторникот, ирански и омански претставници одржаа разговори во главниот град на Оман, Мускат, за „идното управување со пловидбата“ иако оманскиот министер за надворешни работи Бадр ал-Бусаиди изјави дека двете земји се посветени на „безбеден премин без наплата“.

    Сепак, главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф за медиуми поврзани со државата изјави дека „секој треба да знае дека управувањето со Ормутскиот теснец никогаш нема да се врати на начинот на кој се одвивало пред војната“.

    Извор: Би-Би-Си

    Previous ArticleПотврдено: Алексовски на голот на Елбасан

    Поврзани вести

    Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран

    27/06/2026

    Париз го забрани пиењето алкохол на јавни места бидејќи во болниците нема место поради топлотниот бран

    27/06/2026

    Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

    26/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    САД и Иран разменија проектили и обвинувања за прекршување на примирјето

    Потврдено: Алексовски на голот на Елбасан

    Вучиќ најави дека ова се негови „последни денови и последни недели како претседател“

    Василевска: СДСМ калкулира со гласањето на реформските закони

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    26/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.