Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Спорт»Меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ сега и во Македонија
    Спорт

    Меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ сега и во Македонија

    26/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ (Youth Sports Games) пристигнува во Македонија! Во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски и високи претставници од политичката и бизнис заедницата, како и меѓународни претставници и истакнати спортски легенди, заштитни лица на Игрите, на 27 февруари во Владата на Република Македонија ќе биде официјално потпишан договорот со кои Македонија се приклучува на оваа голема меѓународна платформа, со која започнува ново поглавје за младинскиот спорт во земјата.

    Под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, Плазма Спортските игри за млади нудат платформа каде младите можат да се натпреваруваат во десет различни спортови и да го доживеат спортот во безбедна и охрабрувачка средина, учејќи за важноста на физичката активност, соработката и фер-плејот.

    Договорот ќе го потпишат Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и Здравко Мариќ, претседател на Плазма Спортските игри за млади. Со оваа соработка помеѓу националните партнери и меѓународната платформа се отвора можност над илјада деца од различни општини во Македонија да учествуваат во организирани и инклузивни спортски натпревари преку кои се промовираат фер-плеј вредностите, здравиот начин на живот, инклузија и пријателство меѓу младите.

    „Спортски игри за млади“ ќе опфатат натпревари во 10 спортски дисциплини (мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика – трки на 60 метри и граница) за момчиња и девојчиња. Тие ќе се одржуваат во април, мај и јуни 2026 година преку 18 спортски денови во кои ќе бидат вклучени училиштата и локалните заедници низ целата држава, со поддршка од националните спортски федерации. Најдобрите поединци и екипи од државните натпревари во Македонија ќе патуваат на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот.

    Македонија со пристапувањето кон оваа меѓународна платформа им се приклучува на Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, кои веќе ги имаат имплементирано Игрите. Истовремено, Македонија, креира и сопствена национална платформа со акцент на младите, како и засилување на соработката на училиштата, општините, националните спортски федерации и бизнис-заедницата како во домашни рамки, така и на регионалната спортска сцена.

    Previous ArticleПерински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој
    Next Article КОЧАНИ ТРИ ДЕНА ЌЕ ТАГУВА И ЌЕ СЕ СЕЌАВА: Објавена програмата за годишнината од трагедијата во „Пулс“!

    Поврзани вести

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    25/04/2026

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    25/04/2026

    Шкупи посакува изненадување во Гостивар против Арсими

    24/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    НАЈЧИТАНИ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    24/04/2026

    Во просториите на Матичната библиотеката “Кочо Рацин “денеска се одржа промоција на книгата ” Разбудена вода” од авторката Дијана Петкова

    18/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.