Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»По смртта на Хамнеи: Што следува за Иран и какви се можните сценарија?
    Свет

    По смртта на Хамнеи: Што следува за Иран и какви се можните сценарија?

    01/03/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во заеднички воен напад на САД и Израел, активира формален процес на избор на наследник што може значително да ја обликува иднината на земјата, од внатрешната политичка стабилност до режимот на санкции против Исламската република и економската перспектива на земјата.

    Хамнеи, кој имаше 86 години, ја презеде функцијата во 1989 година по смртта на ајатолахот Рухолах Хомеини, водач на револуцијата во Иран во период кога револуционерната држава сè уште се консолидираше по Иранско-ирачката војна. Во моментот на неговата смрт, според иранската агенција Фарс, тој се наоѓал во својата канцеларија во рамки на резиденцијата во Техеран.

    Иако денес се смета за централна фигура на иранскиот систем, Хамнеи првично не бил очигледен наследник. Според анализата на Карим Садџадпур од Карнеги фондасциајта за меѓународен мир, тој немал потребни верски квалификации согласно тогашниот устав. Неколку месеци пред смртта на Хомеини, уставот бил изменет така што лидерот требало да биде експерт во исламското право со политички и менаџерски способности што овозможило Хамнеи да ја преземе функцијата.

    Со текот на времето, канцеларијата на врховниот лидер ја консолидираше контролата врз клучните институции во земјата. Иако претседателите се менуваа преку избори, Хамнеи ја задржа контролата врз војската, судството, државните медиуми и стратегиските одлуки, во согласност со член 110 од уставот.

    Тој го промовираше концепцтот на „економија на отпор“ насочена кон самодоволност во услови на западни санкции и беше скептичен кон отворање кон Западот и жестоко реагираше на критики и протести. Неговото владеење беше соочено со сериозни предизвици, вклучувајќи ги масовните протести во 2009 година поради наводни изборни нерегуларности, преку протестите за правата на жените во 2022 година, до економските немири во декември 2025 година кога дел од демонстрантите отворено бараа уривање на Исламската Република.

    Можни сценарија по транзицијата

    Реакциите по неговата смрт се поделени. Дел од иранската дијаспора ја поздрави веста како можен почеток на ново поглавје. „Ова е најдобриот ден во мојот живот. Верувам дека неговата смрт може да означи почеток на нова фаза“, изјави за Си-Ен-Би-Си ирански инженер кој живее во САД. Слични реакции се појавија и на социјалните мрежи, каде беа објавени снимки од прослави на улиците.

    Сепак, аналитичарите предупредуваат дека еуфоријата не значи автоматска трансформација. Советот за надворешни работи на САД оцени дека „отстранувањето на Хамнеи не е исто што и промена на режимот“, бидејќи клучната институционална сила останува Исламската револуционерна гарда.

    Советот наведува три можни правци на развој: континуитет на режимот, воено преземање на власта или колапс на режимот. Според нив, ниту едно од овие сценарија не ветува брза политичка или економска либерализација во првата година по транзицијата.

    Во сценарио на континуитет, кое се опишува како „хамнеизам без Хамнеи“, новиот лидер би се соочил со сериозна институционална и економска тежина, со ограничени ресурси и продлабочени економски проблеми, вклучително висока инфлација и девалвација на валутата.

    Дури и евентуална поголема доминација на војската не гарантира економска стабилизација. Според Советот, без суштински реформи, Иран ќе продолжи да се соочува со „длабоко изобличена економија“.

    Главниот стратег на Клоктауер Груп, Марко Папиќ, вели дека иранската економија би можела да се соочи со целосен колапс доколку новиот врховен лидер не покаже подготвеност за преговори со САД. Според него, продолжување на конфронтацијата би довело до дополнителни американски воени операции и тешки последици за земјата.

    Кит Фицџералд од Си-чејнџ партнерс оцени дека убиството на Хамнеи не е автоматска промена на режимот, туку само отстранување на постојниот лидер, додека вистинската промена зависи од тоа кој и како ќе го замени.

    Опозицијата и ограничените алтернативи

    Иранската опозиција во егзил останува длабоко фрагментирана. Таа вклучува монархисти околу Реза Пахлави, син на поранешниот шах, републикански и секуларни активисти во Европа и Северна Америка, курдски групи долж западната граница и Народната муџахединска организација на Иран (MEK), која има организирана мрежа во странство, но ограничена поддршка во самата земја.

    Според поранешни аналитичари за стратешко разузнавање, „увоз на политичка фигура од странство има ограничена веродостојност на терен и носи ризик од повторување на неуспешни историски експерименти“.

    Previous ArticleПретседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
    Next Article Денеска ќе заседава Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

    Поврзани вести

    Израел со нови напади врз Техеран и Бејрут, откако американската амбасада во Ријад беше погодена дронови

    03/03/2026

    Хегсет: „Ние не ја започнавме оваа војна, но под водство на претседателот Трамп ќе ја завршиме“

    02/03/2026

    Цените на нафтата растат, a акциите паѓаат, додека конфликтот се шири на Блискиот Исток

    02/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    Три потези поради кои Никола Јокиќ се најде на удар во Америка (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.