Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода
    Македонија

    Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода

    10/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Бавното темпо на реформи во медиумите, политичките влјанија и притисоци, економската несигурност, присуството на дезинформации – сето ова придонесува за ниска доверба на јавноста во медиумите. Ова е нотирано во последниот Извештај од сенка за слободата на медиумите во С. Македонија, кој го објави Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa (ОBCT).

    Овој извештај, кој нуди преглед на медиумскиот пејсаж во државата, денеска беше презентиран во Европска куќа во присуство на новинари, експерти и претставници на граѓански организации.

    „Независните и слободни медиуми се клучен елемент за стабилна демократија. Ние како организација имаме активности на национално и на европско ниво, вршиме истражувања. Веруваме дека има експерти граѓански организации кои играат главна улога во оваа сфера. Сметам дека треба да има размена на информации меѓу засегнатите страни на сите нивоа. Кога работев на овој извештај увидов дека предизвиците се слични и во повеќето земји-членки на ЕУ и во државите кои претендираат да станат членки“, рече Серена Епис од OBCT.

    Презентирајќи ги наодите од извештајот, Зоран Ричлиев од Метаморфозис зборуваше за главните предизвици во сферата на медиумите, како плурализмот, односно финансиските потешкотии со кои се соочуваат, поради што се подложни на надвореши притисоци.

    Фото: Мета.мк

    „Темпото на реформи во оваа сфера е бавно во споредба со општествената ситуација глобално во медиумската сфера. Таа осцилира многу често зависно од политичките констелации. Државата има направено чекори за усогласување со ЕУ стандардите, но политичките притисоци, економската несигурност, присуството на дезинформации, придонесуваат за ниската доверба кај јавноста“, рече Ричлиев.

    Горан Ризаов од Метаморфозис зборуваше за отсуството на самоодржливост на медиумите, потоа, за ниските плати на новинарите, за работењето на определено време и други проблеми со кои се соочуваат медиумите.

    „Сето ова влијае на слободата на медиумите и на ниското ниво на професионализам, а тоа остава простор за ширење дезинформации во самите мејнстрим медиуми. Во извештајот зборуваме и за правната рамка, односно за Законот за медиуми, кој неодамна претрпи измени, но тие измени не се направени сеопфатно како што требаше. Потребно е и самата ЕУ да изврши поголем притисок врз македонските власти за имплементацја на реформите“, истакна Ризаов.

    Извештајот содржи и сет препораки упатени и до државните институции и до засегнатите страни во Европската унија, со повик за преземање решителни чекори за заштита на слободата на медиумите во согласност со европските и меѓународните стандарди.

    На настанот имаше и панел-дискусија со наслов „Дали македонските медиуми можат да ја исполнат улогата од јавен интерес“, на која свои излагања имаа Снежана Трпевска, социолог и еспертка за медиумско право, како и Милан Спировски од Здружението на новинари на Мкедонија (ЗНМ). Присутните дискутираа за потребата од млади новинари, како и за влијанието на инфлуенсерите и нивната регулација.

    Овој документ и неговите препораки се изработени како дел од иницијативата Брз одговор за медиумска слобода (Media Freedom Rapid Response), европски механизам што ги следи, документира и реагира на прекршувањата на слободата на печатот и медиумите во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати. Тој се потпира и на истражувачките и застапувачките активности поддржани од проектот „Транснационално застапување за слобода на информирање на Западен Балкан – ATLIB 2“, кофинансиран од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка. Автори на извештајот се Серена Епис од OBCT, како и Зоран Ричлиев и Горан Ризаов од Фондација Метаморфозис.

    Previous ArticleШарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин
    Next Article Доктори од Систина ќе работат и во јавното здравство каде што има недостаток на кадар

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.